Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во доцна во понеделникот ги отфрли повиците за ублажување на неговото противење на повлекувањето на израелските трупи од граничната област во јужниот дел на Појасот Газа како услов за договор за прекин на огнот.
Прашањето за таканаречениот Коридор Филаделфија, на јужниот раб на Појасот Газа, долж границата со Египет, е едно од главните спорни прашања што го попречува постугнувањето на договорот за прекин на огнот. Хамас се противи на секое израелско присуство во областа, а Нетанјаху инсистира дека Израел нема да го напушти. Израелските војници таму пронајдоа десетици тунели кои се користат за шверц на оружје и муниција во Појасот Газа.
„На оската на злото (Иран и неговите сојузници во регионот – палестински Хамас, либански Хезболах и јеменските Хусисти, според Израел) ѝ е потребен коридорот Филаделфија и поради таа причина мораме да го контролираме коридорот во Филаделфија. Поради оваа причина, Хамас инсистира да не бидеме таму, и поради оваа причина јас инсистирам да бидеме“, рече изаелскиот премиер на прес-конференција во Ерусалим.
Доколку Израел се повлече од тој коридор, ќе биде тешко да се врати поради меѓународниот притисок, посочи Нетанјаху.
Ставот на Нетанјаху за разговорите, кои се во застој со седмици, ги фрустрира сојузниците, вклучително и САД, и го оддачечи од неговиот министер за одбрана Јоав Галант. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Нетанјаху не прави доволно за да се постигне договор за ослободување на заложниците, горлив проблем откако телата на шестмина беа пронајдени во неделата, само неколку часа откако беа убиени.
Во врска со ова, Нетанјаху рече дека треба да се изврши притисок врз Хамас,а не врз Израел, особено откако викендов во Газа беа пронајдени телата на уште шест израелски заложници, коишто според израелската судска медицина биле усмртени од непосредна билизна најмногу 36 до 72 часа пред да ги принајдат израелските војници..
„И после тоа сега од нас се бара да бидеме сериозни? Од нас се бара да направиме отстапки? Каква порака испраќа тоа до Хамас? Тоа им вели: Убијте уште заложници“, рече Хетанјаху.
Рече и дека не верува оти Бајден или некој друг кој сериозно размислува за мир ќе побара од Израел да направи повеќе отстапки: „Ние веќе ги направивме. Хамас мора да направи отстапка“, заклучи Нетанјаху.