Нетанјаху: Одлуката на судот во Хаг за надлежноста е отворен антисемитизам

Израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху изјави во саботата дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (ICC) да се прогласи за надлежен за случаите на окупираните палестински територии „едноставно претставува отворен антисемитизам“.

Во петокот вечерта споменатиот суд појасни дека „со мнозинството гласови е решено дека територијалната надлежноста на Судот (чија членка Палестина е од 2015 година) се протега и на териториите кои Израел ги окупираше по 1967 година“.

„Кога Меѓународниот кривичен суд го истражува Израел поради лажни воени злосторства, станува збор за отворен антисемитизам“, изјави премиерот Нетанјаху.

Фату Бенсуда, обвинителка на овој меѓународен суд основан во 2002 година со седиште во Хаг, во јуни годинава би требало да се повлече од досегашната должност и сака Судот да ја преземе петгодишната прелиминарна истрага по војната до 2014 година која се водеше во палестинската енклава Газа.

Во оваа палестинска енклава во којашто живеат два милиона луѓе досега се водеа три војни, во 2008, во 2012 и во 2014 година, откако во 2007 година контролата над Газа ја презема исламистичкото палестински движење Хамас.

Меѓународниот кривичен суд „тврди дека, кога една демократска држава, како што е Израел, се брани од терористите кои го убиваат нашите деца и ги ракетриаат нашите градови, тоа всушност значи дека спроведува воено злосторство“, изјави Нетанјахи, алудирајќи на судирот од 2014 година кога, како што истакна, од територијата на Газа врз Израел биле истрелани неколку илјади ракет.

Во споманатата војна на палестинската страна загинаа 2.251 лица, повеќето цивили, а на израелската страна беа убиени 74 лица, главно војници. Меѓутоа, тоа беше судир со најмногу израелски жртви споредено со претходните конфликти, и најнизок сооднос меѓу жртвите на двете страни.

„Меѓународниот кривичен суд одбива да ги истражи потезите на бруталните диктатури, како Иран и Сирија кишто речиси секојдневно спроведуваат стравични злодела“, рече Нетанјаху кога првично реагираше во петокот вечерта набрзо по објавата на ICC. Судот го нарече „политичко тело“ коешто ѝ наштетува на „правото на демократиите да се вистинската демократија да се бранат од тероризмот“.