Нетанјаху рече па одрече дека Израел е нуклеарна сила

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се излета во неделата со изјавата дека Израел е нуклеарна сила, па со кисела насмевка се исправи и својата земја ја нарече енергетска сила.

Со децении се верува дека Израел поседува нуклеарен арсенал, но тоа никогаше самиот ниту го потврдува, ниту го негира.

Нетанјаху на седница на неговата влада на заминување читал однапред подготвена изјава на хебрејски јазик за договорот со Грција и Кипар за подморскиот гасовод.

„Овој договор е важен бидејќи го претвораме Израел во нукеларна сила“, рекол Нетанјаху и набрзо се исправил „во енергетска сила“. Потоа запрел, се насмевнал и признал дека згрешил и продолжил со читањето на изјавата.

Станува збор за една од многуте ретки грешка на еден од најискусните израелските политичари, па поради тоа набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Нетанјаху се бори за политички опстанок на по вторпат повторените избори на 2-ри март, по двата круга од април и септември минатата година кои не дадоа јасен победник. Во ноември стана првиот израелски премиер против кого е подигнато обвинение за корупција, што тој упорно го негира.