Нетанјаху ѝ се заблагодари на поддршка на БиХ, Џеферовиќ му порача дека се збунил

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се заблагодари во неделата на владите на низа држави ширум ветот за поддршката која ја искажале за неговата земја во судирот со палестинското исламистичко движење Хамас, но меѓу оние на кои оваа благодарност им е упатен не биле задоволни со оваа објава.

Во пораката објавена на својот твитер акаунт Нетанјаху напиша „Ви благодарам што сте решително крај Израел и зашто го поддржувате нашето право на самооббрана од терористичките напади“.

Покрај пораката израелскиот премиер постави знамиња на 25 држави од различ ни континенти од САД до југоисточна Европа, вклучително и Македонија, Албанија, Бугарија, Словенија, Бугарија но и Босна и Херцеговина каде што најновиот палестинско-израелско судир е доживуван со спротиставени толкувања.

Во Федерација БиХ, во деловите со бошњачко мнозинство, јавноста и медиумите и политичарите главни застанаа зад Палестинците осудувајќи ги притоа Израел. Од друга страна, во Република Српска искажаа јавна поддршка за еврејската држава.

Поделеноста беше видлива и низ своевидната војна со симболи и графити, па така прво Советот на Сараево беше осветлен со боите на палестинското знаме, за веднаш потоа во Бања Лука со боите на израелското знаме да биде осветлена зградата во која е кабинеот на сегашната претседателка на Република Српска.

Откако се прошири веста дека БиХ е меѓу земјите на коишто им се заблагодарува Израел на поддршката, се огласи бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ кој на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача дека „малку се збунил“.

„Мојата порака за премиерот Нетанјаху е дека Босна и Херцеговина не поддржува и не може да поддржува убиства на невини цивили во Газа кои ги вршат израелските воени сили“, напиша Џаферовиќ на социјалните мрежи.

Како и по многу други прашања БиХ како држава нема единствен став ниту во односот на состојните на Блискиот исток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.