Нетанјаху тајно престојувал во Саудиска Арабија, на средба со бин Салман и Помпео

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во најголема тајност во неделата ја посетил Саудиска Арабија каде што се сретнал со саудискиот претстолонаследник Моамед бин Салман и со американскиот државен секретар Мајк Помпео кој е наоѓа во офицјална посета на оваа арапска земја во Персискиот залив, објави во понеделникот изралеското јавно радио.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и амбасадата на САД во Ерусалим засега не ја коментираа оваа информација.

Коментарот Ави Шарф, од дневниот весник Haaretz, објави податоци од ресурс за следење на летови, кои покажуваат дека деловен авион полетол од Тел Авив и слетал во Беом, на саудискиот брег од Црвеното Море, каде што престолонаследникот Мохамед бин Салман имаше во неделата претходно најавен средба со шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

Во информацијата на Haaretz се наведува дака на средбата во Ноем присуствувал и челникот на израелското разузнавање Мосад, Јоси Коен. Меѓутоа, за патувањето на Нетанјаху не биле известен ниту заменскиот премиер Бени Ганц, ниту другите највисоки израелски функционери.

Американскиот дневен весник The Wall Street Journal, исто така, во понеделникот објави дека била остварена средба меѓу Нетанјаху и бин Салман, но според неговиот извор „висок саудиски советник“ на неа бил постигнат никакво договор.

Американскиот дражавен секретар е во мисија да го одоброволи Ријад, кој има добри односи со претседателот Доналд Трамп, да ги следи своите муслимански арапски соседи, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои неодамна под покровителство на Вашинтон воспоставија официјални односи со Израел.

Агенцијата Reuters наведува дека станува збор за политика на приближување меѓу децениските противници – еврејската држава, од една странам и мусломанските сунитски земји, од друга, којашто се заснова на заедничките стравувања од зголеменото влијание и присуство на шиитскиот Иран во регионот.

Според информации од Ријад, саудската монархија засега не разгледива можна нормализација на односите со Израел, истакнувајќи дека прво треба да се реши Палестинското прашање. Меѓутоа, во меѓувреме суадиските власти им дозволија на израелските воздухопловни компании да слетуваат ид а прелетуваат преку нинвата територија кон новите дестинации во Персискиот залив и Азија.