Нетанјаху в недела ќе добие мандат да формира нова влада на Израел

Израелскиот претседател Ицак Херцог в недела на 13 ноември ќе му наложи на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху да формира нова влада, соопшти денеска кабинетот на израелскиот претседател.

Ова беше соопштено откако Херцог денеска ги заврши политичките консултации со парламентарните партии.

За време на консултациите, 64 парламентарци препорачаа Нетанјаху да формира нова коалициска влада, се вели во соопштението.