Нетанјхау повика на подготовки за ‘секакво сценарио’ по гранатирањата со Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача во неделата на одговорните министерства и агенции да бидат подготвени на „секакво сценарио“ по гранатирањата од страна на Либан, на кои одговори израелската војска.

Во неделата од територијата на Либан биле истренали неколку противтеконвски проектили кон позициите на израелската погранична војска во кои немаше настрадани. Како одговор, израелската армија одговори со гранатирања врз јужниот дел на Либан.

„Неколку противтенковски проектили беа истрелани кон нас, одговоривме со стотина артилериски гранати и воздушен напад од разни оружја“, го цитира премиерскиот кабинет Нетанјаху по консултациите со челниците на безбедносните агенции.

„Одржуваме консултации во врска со следните чекори. Наредив да бидат подготвени за секакво сценарио. Во согласност со развојот на ситуацијата, ќе решаваме за следните потези“, додал израелскиот премиер.

Службата за односи со јавноста на Армијата за одбрана на Државата Израел соопшти во неделата дека неколку противтенковски гранати биле истрелани врз воена база и воени возила од другата страна на границата со Либан.

Се наведува дека нападот се случил околу 16,20 часот по локално време, и оти лансираните проектили можеле да погодат „некои цели“. Израелската војска одговорила на огнот кон погранични цели во јужен Либан, се додава во соопштението. Претходно израелската армија објави за еден проектил истрелан од либанска територија кон пограничните области на северот од Израел. Притоа беше апелирано до жителите на пограничните области со Либан да не ги напуштаат своите домови.

Претходно седмицава командата на либанската армија објави дека две израелски беспилотни летала од страна на морето ноќта кон 25-ти август продреле до јужните предградија на Бејрут. Сопоред информациите на либанската војска, едниот дрон се урнал без да предизвика штети, а другиот експлодирал во воздухот над населбата Муавад.

Во вторникот Високиот совет за одбрана на Либан одржа состанок со кој претседаваше шефот на државата Мишел Аун, и го потврди „правото на Либанците да ги користат сите средства за одвраќање на израелските напади“.

Либанското министерство за надворешни работи поднесе жалба во Советот за безбедност при Обединетите нации во врска со повеќекратните прекршувања од страна на Израел на резолуцајата 1701 на светската организација. Според либанската дипломатија, израелските воздухопловни и поморски сили во последните два месеца 481 пат ги нарушиле воздушниот и поморскиот територијален простор на Либан.