Нетанјаху го повика Израел да ги поддржи Курдите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика неговата земја да им даде „поддршка на курдските аспирации за независност“.

Тој вчера рече дека Курдите се борбени луѓе „кои ја покажале нивната политичка заложба и политичка умереност“.

Курдите живеат во делови на Иран, Ирак, Сирија и Турција. Во северен Ирак тие имаат автономна покраина.