Нетанјаху ја презема должноста министер за одбрана по оставката на Либерман

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја преземе должноста министер за одбрана откако претходно седмицава оставка од таа посиција си поднесе Авигдор Либерман, портпаролот на партијата Ликуд, отфрлајќи ги нагаѓањата за предвремени избори.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, во средата ја најави својата оставка ден по договорот за прекин на огнот договорен со палестинските милитантни исламистички групации во енклавата Појасот Газа, кој го нарече „капитуалција пред тероризмот“, со што ја доведува во низвесност владата на Бенјманин Нетанјаху составена во 2015 година и којашто се смета за најдесната во седумдесетгодишното постоење на Државата Израел

Нетанјаху пред одлуката да ја преземе должноста шеф на ресорот за одбраната, се сретнал со клучниот коалициски партнер Нафтали Бенет од Еврејската татковинска партија кој бараше да биде нов министер, но двајцата челници не успеале да постигна согласност за тоа.

Премиерот се повикал „да се стори се’ за да се сочува владата на десниот центар“ и доаѓање на левичарите на власт, изјавил портпаролот на Нетанјаху. Меѓутоа, изборот близок на Бенет рекол дека по средбата со Нетанјаху „стана јасно што поскоро треба да се оди на избори“.

Израелските медиуми пишуваат дека вториот коалициски партнер ќе се спротистави министер за одбрана да стане Бенет, кој ја води споменатата ултранационалистичка религиска партија. Датумот за евентуалните предвремени избори ќе биде познат во неделата, рекле избор. Израел редовните парламентарни избори треба да се одржат во номеври 2019 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.