Нетанјаху ќе се откаже од „неколку населби“ во замена за мир

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјавил дека еврејската држава ќе се откаже од „неколку населби“ на окупираната палестинска држава за да го обезбеди спроведувањето на мировниот договор, но бројот на отстранети енклави ќе биде максимално лимитиран.

„Јасно е дека некои од населбите, дел од нив, нема да бидат вклучени во договорот. Тоа е јасно. Сите тоа можат да го видат, а јас ќе гарантирам тој број да биде што е можно помал“, рекол Нетанјаху.

Изградбата на спорните населби е клучна пречка во мировните преговори обновени под американско покровителство во јули минатата година по тригодишен прекин. Сосема мал напреодк е остварен иако американскиот државен секретар, Џон Кери, изразил надеж дека наскоро ќе биде објавен рамковниот договор.

Населбите изградени на територијата која што ја освои Израел во Блискоисточната војна во 1976-ма година се смета за нелегален по меѓународното право и наидува на остра осуда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.