Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потври дека Израел во претходните 36 часа напаѓал цели во Сирија.
– Во претходните 36 часа израелското Воено воздухопловство напаѓаше цели во Сирија. Израелските сили напаѓаа цели на иранското движење Хезболах. Овие напади потврдуваат дека одлучивме да дејствуваме против Иран во Сирија, нагласи Нетанјаху.
Синоќа сириските власти испратија писмо до Советот за безбедност на ОН во кое бараат да се осудат ракетните напади кои Израел ги спроведува во Дамаск.