Нетанјаху предупреди Израел да не биде предизвикуван

46

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди непријателите на неговата земја „да не ја искушуваат“, додека се зголемуваат тензиите меѓу Иран кој е непријател на еврејската држава и САД кои се нејзин сојузник.

„Слушам дека соседите на северот, југот и на истокот ни се закануваат со уништување. Им порачувам на напите непријатели: израелската војска има голема разорна моќ. Не нѐ искушувајте“, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштението што го објави неговиот кабинет откако ја следеше воената вежба на северот од Израел.

Иран, која е децениски непријател на Израел, го поддржува шиитското движење Хезболах во Либан и воено е присутен во Сирија, уште една земја којашто има заедничка граница со еврејската држава. Техеран го поддржува и палестинскот одвижење Хамас кое управува со Појасот Газа, југозападно од Израел.

Како што јави израелското радио, Нетанјаху во средата свикал седница на неговиот кабинет за безбедност која траела речиси четири часа, на темата „тензии во Персискиот залив“. Станува збор за втора ваква седница во една седмица, а правата се одржа во неделата, наведува истиот извор.

Израелските министри разговарале и за информацијата којашто Иран ја објави во понеделникот дека неговите резерви на збогатен ураниум на 27-ми јуни ќе ја минат границата предивдена со меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма од 2015 година, од кој истапија САД во мај 2018 година, извести интернет страницата Walla. Кабинетот на Нетанјаху, засега не ја потврди информацијата дека безбеносниот кабинет се состанал во средата.

Односите меѓу Иран и САД се влошија откако Вашингтон еднострано се повлече од нуклеарниот договор и воведе санкции чијашто цел е иранскиот нафтен сектор. САД испратија дополнителни неколку илјади војници на Блискиот исток, а Револуционерната гарда ја стави на листата на „терористички организации“. Вашингтон, исто така, без двоумење го обвини Техеран за напад врз два нафтени танкери во Ормускито теснец на 13-ти јуни, што Иран го негира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.