Нетфликс ќе претставува по еден нов филм секоја седмица

11

Стрим-платформата Нетфликс се заложи дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела оваа 2021 година.

– Нетфликс секоја недела ќе ви претставува нов филм во кој ќе глумат некои од најголемите филмски sвезди. Најмалку 70 нови наслови ќе се појават оваа година – се вели во соопштението на компанијата на нивната интернет-страница.

Меѓу sвездите кои ќе се појават во најавените нови филмови се Леонардо ди Каприо, Двејн Џонсон, Зендеја, Идрис Елба, Гал Гадот, Рајан Рејнолдс, Мерил Стрип и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.