Нето ќе го чува голот на Барселона

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својата официјална веб-страница го објави потпишувањето на договорот со голманот Нето.

Цената на трансферот на голманот од Валенсија изнесува 26 милиони евра. Уште девет  милиони евра може да се платат како бонуси.

Договорот на 29-годишниот Нето со Барселона е со важност од четири години. Според клаузулата висината на надоместокот за предвремен раскин на договорот е 200 милиони евра.

Нето бранеше за Валенсија од 2017 година. Минатата сезона, тој настапи на 34 натпревари во шампионатот на Шпанија.

Претходно, од Барселона во Валенсија се пресели холандскиот голман Џаспер Силесен.