Неуспешно тестирање на американски противракетен систем на Хаваи

Американските вооружени сили во средата во сјузната држава Хаваи извршија неуспешна проба на системот за противракетна одбрана, обидувајќи се да соборат пробна ракета лансирана од авион.

Ракетата „земја-воздух“ од типот „SM-3 block IIA“, истрелана од системот за противракетна одбрана „Aegis“ поставен на земја, не успеала да ја собори пробната ракета истрелана од авион, соопштија анонимни извори.

Во исто време, Дирекцијата за ракетна одбрана на Пентагон потврди дека е извршена проба, но не соопшти детали за резултатот.

Минатата седмица Пентагон објави извештај во кој беше изразена увереноста дека САД може да ја заштитат својата територија и територијата на Хаваи од „мало количество“ на севернокорејски интерконтинентални прокетили и ракети со среден дострел.

Во јули 2017 година, во текот на тестирањата SM-3, исто така, не успеа да ја погоди целта којашто се движеше со голема брзина. Тогаш, неуспехот беше припишан на човечкиот фактор.