Неверојатен пресврт на Швеѓаните, Норвешка без полуфинале на ракометното ЕП

Ракометарите на Шведска во вторникот ѝ се придружија на Шпанија како втори полуфиналисти во Групата 2 од галвниот круг од Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако со неверојатен пресврт ја победија Норвешка со 24:23 (9:14) и така освојувачите на бронзата од континенталното првенство од 2020 година ги остави без полуфинале.

Шведска имаше само две водства на натпреварот, од 2:1 во 7 минута и крајните 24:23 кои од седемрец ги постави Лринц на 15 секунди пред крајот. На Норвежаните и реми им беше доволно за пласман во полуфиналето, но ударот на Сагосен во последниот напад заврши крај стативата.

Ваквата разврска се чинеше невозможна на шест минути пред крајот на дуелот кога Сагосен погоди за 23:19. Но Швеѓаните не се предаваа, до крајот на мечот ги оставија Норежаните без погодок, додека на другата стрна Кринц двапати и поеднаш Ване, Готфридсон и Лагергрен ја тресеа противничката мрежа и како второпласирани во групата изнорија место во полуфиналето.

Валтер Кринц со шест голови беше најдобар стрелец кај Шведска, Готфирдосн постигна четири, а Бергендхал и Ване по три гола. Најдобар стрелец кај Норвешка беше Харалд Рејнкинд со шест голови.

Шпанија првото место го освои со драматичната победа над Полска со 28:27. Полјаците во последниот напад имаа два шута од шест метри за израмнување, но и двата удара ги запре шпанскиот голман Коралес. За Шпанците ова е шесто последователно полуфинале во европските првенства, со што останаа во игра за третата последователна титула на Стариот континент.

Во среда следува разврската во Групата ѝ во којаштот Данска осигури пласман во полуфиналет, а ќе ѝ се придружат или Франција или Исланд. Франција доколку ја победи Данска ќе го освои првото место во групата а за освојување на второто место доволно ѝ е и бод. На Исланд за второто место му е потребна победа над Црна Гора, но со услов Данците да ги совладаат Французите.