Неверојатно, двегодишник преживеа двојно прегазување од автомобил

Двегодишно момченце во Швајцарија преживеало откако автомобил двапати едно-по-друго налетал на него, извести во саботата локалната полиција.

Возач во петокот вечерта го препаркирал своето возило на друго место во градот Оберентфелден, при што налетал на двегодишникот кој во близина на автомобилот возел велосипед.

Кога мајката на дететот вриснала и така го предупредила 53-годишниот возач, тој со автомобилот тргнал наназад и повторно го прегазил момченцето, изјавил за агенцијата DPA портпаролот на полицијата, Адриан Биери.

Дететот здобило фрактури на повеќе коски, но по двојниот налет на автомобилот останало контактибилно и при свест, додал портпаролот.

Од фотографиите од увидот било утврдено дека возачот исчистил од мраз само мал дел од ветробранското огледало, поради што прегледноста му била намалена.

Веднаш му е одземена возачката дозвола.