Неверојатно: Арамија не ја ограбил поштата во Катланово, туку службеничката

56

Поштата во скопско Катланово не била ограбена од маскиран и вооружен крадец, тој бил само измислен лик на службеничката која самата таа „се послужувала“ со парите од сефот.

Порталот Прес24, повикувајќи се на свои информации од истрагата, објавува дека шеесет и тригодишната жена вработена во поштата досега двапати измислувала дека разбојник влегува во поштата и се заканува, а додека таа е во бесознание од преголемиот стрес,  сефот бил испразнет.

Поштата во Катланово беше ограбена пред неколку дена тогаш службеничката пред полицијата тврдела дека влегол разбојник и ги зел парите, но подоцна, како што пишува Прес24, решила да признаа дека таа ги зела пари.

Во двата грабежи, според полицијата, жената зела 730 илјади денари, но се проверува дали таа „позајмувала“ од поштата во случаи кога не пријавувала измислен грабеж.

За целата приказна да биде поинтересна службеничката својата лажна приказна jа раскажа и за весникот „Дневник“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.