Невиден хаос на средбата Порто-Спортинг: Масовна тепачка, „летаа“ црвени картони (ВИДЕО)

Порто остана непоразен во последните 50 меча во португалската лига по големото дерби против Спортинг Лисабон по импресивниот камбек, но мечот ќе остане одбележан со масовната турканица и тепачка на над 40 луѓе, во која учествуваа дури и момчињата кои собираат топки, пренесе ТопСпорт.

Хаосот се случи во деветтата (и последна) минута од продолжеието во мечот. Спортинг имаа 2:0 предност во првото полувреме, пред Порто да израмни во 78. минута на „Драгао“ и да тргне по победнички гол.

Проблемот настана кога голманот Антонио Адан интервенираше пред ветеранот Пепе, кој доби удар од ногата на Жоао Палиња, по што почна хаосот, и судијата мораше да додели дури три црвени картони.

Тренерите се обидуваа да ги смират своите играчи, но хаосот траеше барем пет минути, за на крајот двата тима да си отидат во соблекувалната. Порто останува непоразен оваа сезона во Примиера, сега со шест поени предност пред Спортинг. објави ТопСпорт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.