12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Невидени безбедносни мерки пред Ел Класико на Камп Ноу

Првиот Ел Класико во сезоната е закажан за утре во 18 часот. Барселона ќе биде домаќин на Реал Мадрид и натпреварот ќе го обезбедуваат досега најголем број специјалци.

Натпреварот требаше да се одигра во октомври, но беше одложен поради немирите на улиците на Барселона, кога се одржуваа масовни протести поради затворањето на каталонските политички лидери.

Каталонската сепаратистичка организација Цунами објави дека ќе се обиде да го наруши утрешниот натпревар, така што обезбедувањето е засилено со три илјади чувари, што е рекорд за еден натпревар во Ла Лига.