Невил уште еднаш посочи каде Манчестер Јунајтед е „најтенок“

(AP Photo/Dave Thompson)

Гери Невил верува дека Манчестер Јунајтед ставил крај на позитивен месец во резултатска смисла, и покрај поразт од Борнмут кој ги врати два чекори назад.

Манчестер Јунајтед забележа пет победи во шестте последни средби во сите конкуренции што според Невил остава простор за кревање на самодовербата.

Сепак поранешниот капитен на „ѓаволите“ се уште тврди дека на клубот му требаат пет или шест големи засилувања за истиот да дојде до степен да се бори за врвот на табелата.

– Може да видите дека постои некој возбудлив момент со Гринвуд, Марсијал, Рашфорд и Џејмс, има основа за работа. Дефанзивата, со Хари Мегваер и Арон Ван Бисака, заедно со младиот Брендон Вилијамс ми дава голема надеж. Знаеме дека на Манчестер Јунајтед му требаат четири или пет играчи со вистински квалитет и искуство. Им треба уште еден централен дефанзивец, им треба лев бек, неколку играчи од средината на терент и напаѓач. Им требаат четири или пет играчи, и веројатно тоа нема да се промени во јануари и нема да биде како што сакаат фановите на Јунајтед, но може да биде појдовна точка за нешто поголемо, -истакна Гери Невил.