Не е точен аргументот дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот, бидејќи тоа се стекнати права, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.
Мицкоски посочи дека апсолутно не може тоа некој да го прикажува преку една димна завеса во јавноста дека тоа е некаква придобивка за македонскиот народ.
„Ние, не само што не ги задржавме тие стекнати права, туку ги изгубивме, бидејќи сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го премиерот на соседната држава (Алексис) Ципрас и министерот (за надворешни работи Никос) Коѕијас. Од наша страна на тие изјави не слушнав ниеден демант, напротив слушам молк, а молчењето во многу наврати значи одобрување“, истакна Мицкоски.
Предочи дека отсега според договорот потпишан во Преспа, во личните карти во графата државјанство/националност стои Македонско/Macedonian, а во иднина тоа ќе го нема и ќе стои Македонско/Граѓанин на Република Северна Македонија.
„Ќе бидеме Македонци во територијата на Северна Македонија, а порано бевме Македонци во цел свет“, нагласи Мицкоски посочувајќи и дека отсега и припадниците на македонското малцинство во соседството ќе имаат проблеми при сопственото етничко определување.
Во врска со јазикот., лдиерот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека сега со фуснота ќе се дообјаснува јазикотм иако никому никогаш и никаде во светот не му била потребна таа фуснота, а сега самите си ја додадовме оваа фуснота.