Невреме и град во Далмација, температура до 12 степени

Околу 13 часот и 30 минути големо невреме проследено со град ја зафатило областа Каетел Штафилиќ и западниот дел на Каетел, а невремето постепено се проширило кон сплитскиот дел каде интезивно имало грмежи.

Како што наведуваат хрватските медиуми, пред невремето температурата била над 25 степени, а само за половина час во Каетел Штафилиќ паднала темепратурата за неверојатни 12 степени.