5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Невреме на Халкидики: Загинаа шест лица, 20 во болница (ВИДЕО)

Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени во болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во Неа Плагија, Созополи и Потидеа на Халкидики.

Според истите информации, 54-годишна Романка загинала кога врз неа се урнал покрив од таверна, во Созополи во невремето бил превртен автомобил-приколка и животот го загубиле двајца туристи од Чешка, а во Потидеа дрво паднало врз 39-годишен Русин и неговиот двегодишен син.

За шестата жртва, која им подлегнала на повредите на пат кон болница, нема дополнителни информации.