Невреме проследено со дожд и ветер не очекува за викендот

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Времето во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот, претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР најавува и дека до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.