Невреме со град ја погоди Хрватска

Силнo невреме проследено со град утринава го зафати подрачјето на Карловац, а силниот ветер кршел дрвја.

Постои можност за врнежи од град  и во останатиот дел на Хрватска, како и можност од појава на „пијавици“ на Јадранот.

Метеоролозите за поголем дел од Хрватска издадоа портокалово предупредување на можни грмежи и невреме.

Според прогнозата на метеоролозите, силно наоблачување со дожд и грмежи ќе се прошири на поголем дел од земјата.