Невреме во Британија, над илјада без струја, тревога поради поплави

Невремето проследено со силни ветрови и обилен дожд, повторно се врати во Британија и Северна Ирска, каде што утринава околу четири илјади потрошувачи останаа без струја, а властите издадоа „портокалово“предупредување поради „ризични временски услови“.

Силниот ветер и обилните врнежи од дожд, денеска повторно создадоа проблеми на населението во Велс и Северна Ирска.

Властите издадоа портокалово предупредување на ризично време кое би можело да биде опасно по луѓето и да предизвика голема штета. Луѓето, исто така се предупредија дека се можни поплави.

Околу четири илјади луѓе во Северна Ирска, утринава останаа без струја, бидејќи ветерот со бризна од преку 100 метри на час, корнеше дрвја кои паѓаа врз електрични кабли и столбови.

На терен се инжинери и тимови за вонредна ситуација кои работат на отстранување на штетите, пренесува бритнаски Гардијан.

Полицијата ги предупреди возачите да бидат внимателни поради дрвја на патиштата, поради што, многу од нив се затворени за сообраќај.

Издадено е и предупредување дека невремето ќе се прошири на целиот британски остров, а дека најтешко ќе биде во Северна Ирска и северен Велс. Метеоролошката служба на Северна Ирска го издаде највиското можно предупредување, луѓето да се заштитат од силни ветрови, обилни дождови и високи морски бранови на западот и на југот на земјата. Аеродромот во Даблин поради силниот ветер откажа шест летови.

Се очекува дека невремето допрва ќе им прави проблеми на авиокомпаниите и тур операторите имајќи предвид дека се создаваат гужви, бидејќи луѓето се враќаат дома по прославата на Божиќ.

Лондонскиот аеродром Гетвик, втор по сообраќај во Британија, соопшти дека обезбедиле дополнителни тимови од инжинери,електричари и волонтери во случај на поплави.

Невремето за Божиќ пред ти дена остави 43 илјади луѓе без струја, а 1200 домаќинства во Англија беа поплавени.