Невреме во северна Грција, регистрирани 1.500 молњи

Во невремето, со обилен дожд и град што вчера го зафати северниот дел на Грција, предизвикана е материјална штета и поплавени улици во Серес, Ксанти, Ламиа, на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Најпогоден беше грчкиот град Серес каде што се излеа надојдената река и беа поплавени над 100 домови, а беше предизвикана голема штета на подруми, паркинзи, автомобили и сл.

Противпожарната служба примила над 100 повици за помош.

На Халкидики и во градот Ксанти, освен обилниот дождот, паѓал и град.

Заклучно со 20 часот вчера, во одредени делови на Грција биле регистрирани околу 1.500 молњи според системот за регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.