Невремето на Халкидики ја отежнува потрагата по исчезнатиот 28-годишен Македонец

Мајката и братот на 28-годишникот од Македонија, кој се води како исчезнат речиси  24 часа, патуваат од Америка, каде живеат, за да помогнат во големата акција за пронаоѓање на младиот човек, кој и понатаму се води како исчезнат во морето, изјави за прототема.гр, претседателот на спасувачите-волонтери од ОФКАТХ, Христос Рамос.

28-годишниот Македонец, бил понесен од струјата на морето, а заедно со двајца веќе спасени пријатели, сакал да плива, и покрај лошите временски услови, до познатата плажа „Мити“ во Посеида, Халкидики.

По спасувањето на 30-годишниот Иван, младиот човек е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со невремето на Халкидики. Сите се надеваат на чудо, за спас на животот на момчето.

Работата на екипите за пребарување и за спасување ја отежнуваат силните ветришта што од рано утрово дуваат во областа, достигнувајќи јачина и до 7 бофори.

„Има многу силен ветер, поради што чамците кои излегоа на море, дури и крајбрежната стража, не можат да пловат. Засега истражуваме со пешачки делници и чекаме да видиме како ќе се развиваат временските прилики, велат од спасувачките служби за Прототема.

Како што соопшти Рамос, штом ќе се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата.

Според последните официјални информации, во реонот се активни патролен чамец на крајбрежната стража и две крајбрежни пловила, додека хеликоптерот на воздухопловните сили пред малку ја заврши потрагата што ја вршеше од рано наутро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.