Невремето откорна дрвја од корен во Аеродром

Силно невреме денеска го зафати Скопје, а најлоши се последиците во општина Аеродром, Лисиче и Пинтија, Кисела Вода.

Во близина на паркот на езерцата во населба Аеродром, силниот ветер и дождот откорнаа две дрвја со нивните корени.