Невремето во Турција однесе девет жртви, исчезнаа 11 морнари

Девет лица ги загубија животите во Турција во силното невреме, а 11 морнари се прогласен за исчезнати во водите на Црното Море, објави во понеделникот турското министерство за внатрешни работи.

„Девет наши сограѓани загинаа поради бурата (…) и екстремните дождови“, изјави за новинарите министерот за внатрешни работи Али Јерликаја во северозападната покраина Зонгулдак каде што загинале чеири лица.

Пет други лица, а меѓу нив три деца, загинале во поплавите во покраините Татман и Дијабакир на турскиот југоисток, додаде министерот Јерликаја.

Телото на еден од 12-те турски морнари кои исчезнаа во водите близу Ерегли, пристаниште во покраината Зонгулдак, е пронајдено во понеделникот утрото.

Турски товарен брод со 12 членови на екипажот потона во близина на црноморскиот брег во невремето во неделата. Капетанот на бродот „Kafkametler“, кој пловел под турско знаме, известил во неделата утрото дека бродот плута кон системот за заштита од бранови кај Ерегли.

Кабинетот на покраинскиот гувернер објави дека многу лошото време ги спречило авионите и пловилата на крајбрежната стража во потргата по бродот. Најави дека спасувањето веднаш ќе започне штом ќе се поправат неповолните временски услови.

Друг брод, кој пловел под знамето на Камерун, се преполовил, исто така, крај Ергели поради силните бранови, но целиот екипаж е спасен и е префрлен на безбедно.

Ветровите со брзина од 130 до 140 километри на час ја погодија оваа област на Турција формирајќи бранови со висина од осум до девет метри, предупреди министерството за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.