Неврохирургот Чапаровски призна вина, осуден на условна казна

На првото рочиште одржавно во втроникот за предметот, кој беше минатото лето, поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија Александар Чапаровски призна вина за случајот за примање поткуп и е осуден на условна казна од една година која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело.

Чапаровски, исто така, според пресудата во наредните две години не може да биде избран за директор.

Чапаровски во мај минатата годинава беше кривично пријавен за примање поткуп, а при извршен претрес во неговата канцеларија и дом беа пронајдени илјадници денари и девизи. Докторот помина и две седмици во притвор, но подоцна со гаранција беше пуштен да се брани од слобода.

Педесет и седумгодишниот Александар Чапаровски (57), беше обвинет за земање поткуп од 1 000 евра од пациент, дека десет години не го пријавил својот имот во Државната комисија за спречување на корупција и ото во сеф во банка криел огромна сума пари, монети и накит, за кои немал доказ од каде потекнуваат.