Деновиве со неверување на интернет страницата (сајтот) на приватниот универзитет ФОН, на видно место, стои дека универзитетот организира подготовка на средношколци МАТУРАНТИ, како би можело да се подготват за полагање на државната матура без да направат финансиски трошоци, и како што стои – цитирам
„… Подготвителна настава со полн фонд на часови, ќе ја реализираат докажани универзитетски професори од АЕУ-ФОН по следните предмети: Македонски јазик и литература, Албански јазик, странски јазици (Англиски, Француски, Германски и Руски), Математика и Ликовна уметност… Подготовката ќе се одвива онлајн од 5 март до исполнување на целиот фонд на часови согласно предметот. Можат да аплицираат само на еден предмет, а можат и на повеќе, зависно од Вашата потреба за подготовка…“. (види:сајт на ФОН)
Многу убаво строчено и примамливо од страна на универзитетот ФОН, за привлекување на средношколци, како идни студенти на овој универзитет?!. Но, за реализирање на вакви активности, за подготовка, припрема, натпревари по разни општествени, природни, уметнички активности мора универзитетот да имаат акредитација или лиценца за изведување на активностите. Во конкретниот случај приватниот универзитет ФОН имаат само акредитации за студиски програми кои ги добиле од Одборот за акредитација за високо образование, а не и за вакви активности, кои немаат акредитација, односно лиценца за изведување на подготовки и припреми за средношколци за државна матура и слично. За вакви средношколски активности согласно Законот за средно образование ги имаат средните училишта низ нашата држава Македонија. (види: Закон за наставници и стручни соработници во основни и средни училишта(Сл.весник на РСМ. бр.161 од 05.08.2019)
За горе наведеното, (бидејќи надлежните институции молчат, свесно) побарав да добијам конкретен одговор од страна на Министерството за образование и наука- од кабинетот на министерот, но одговор не добив, па побарав одговор од Секторот за основно и средно образование, со прашање: Дали универзитетот ФОН има акредитација (лиценца) за изведување, организирање, припремање и подготвување на средношколци матуранти за државна матура? Добив одговор, со кој одговорните ме упатија да побарам одговор од Државниот испитен центар (ДИЦ), кои се непосредно одговорни за припреми, обуки за реализирање на матурските испити, проектни активности и тоа во соработка со средните училишта. Се обратив до Државниот испитен центар (ДИЦ). На мое прашање до одговорниот (директорот): Дали ДИЦ е запознат во врска со активностите на универзитетот ФОН, кој врши и организира подготовка на средношколци матуранти и дали имаат добиено акредитација или лиценца за изведување на вакви активности? Од страна на одговорно лице ми беше одговорено дека: „ДИЦ – нема дадено акредитација-лиценца за вакви активности и не е надлежна. ДИЦ соработува со средните училишта, директорите кои се претседатели на училиштата за државна матура… даваме насоки, инструкции, упатство директно на средните училишта за припреми, обуки, проектни активности и професорите на тие училишта согласно препораките се должни да ги припремаат средношколците матуранти согласно законските обврски и активности (дополнителна, додатна настава и други активности)… исто така обуки и припреми добиваат од советниците од БРО и им помагаат за проектните задачи…“. Во разговор со некои директори на средни училишта во Скопје, а во врска со незаконските активности кои ги организира универзитетот ФОН, во делот на подготовка на средношколци матуранти и ангажирање на професори по одредени предмети каде што од нивните училишта (потпишани се договори за ангажирани професори со Универзитетот ФОН со парично надоместување) со овој универзитет, ме известија дека „делумно се запознати“. Треба да се знае дека задача на средношколските професори е да ги подготват матурантите за државна матура, а за други активности надвор од училиштето треба да имаат согласност од директорот на училиштето како одговорно лице.
Со оглед на фактот што универзитетот ФОН, врши незаконски дејанија без акредитација или лиценца за изведување на подготовки и припреми за средношколци за државна матура, како и склучувања на договори со ангажирања на професори од средните училишта кој е спротивно на Законот за наставници и нивните работни должности, сега на потег за законско интервенирање се МОН, Државниот просветен инспекторат, градоначалниците, каде што има градски и општински средни училишта како и Државната комисија за спречување на корупција.
(види: Кој го штити и прикрива приватниот универзитет ФОН?);
(види: Македонскиот бродолом на високото образование и наука)
Истото го испраќам и до надлежните институци.
На потег сте надлежни институции и треба да се одважите. Очекувам веднаш.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес