Независен синдикат на новинари: Да не се замолчува слободната новинарска мисла

-Последниот судски процес кој се води против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, се сфаќа како директен атак, односно опасност за опстојувањето на медиумот, за работните места и егзистеницијата на новинарите, изјави Градимир Марковски од Независниот синдикат на новинари на Македонија и вработен во ТВ Нова.

-Ниту еден судски процес, ниту едно случување во општеството сметаме дека не смее да биде во насока на загрозување на слободата на изразување, слободниот говор и новинарската мисла, без оглед дали е критичка или во афирмативна смисла. ТВ Нова постигна многу во изминатиот период, секогаш беше прва на многу настани во државата и целиот свет и ќе продолжи да опстојува и да информира објективно, навремено и прва да им ги пренесува информациите на граѓаните. Апелираме на разум и било што да не биде во насока на замолчување на медиум и слободната новинарска мисла, истакна Марковски.

И денеска пред скопска апелација се одржува мирен собир на кој припадниците на бошњачката заедница и вработените во компаниите на бизнисменот Сеад Кочан бараат правда за сопственикот на Телевизија Нова.
Да запре притисокот врз слободните медиуми и водењето на селективна правда. Ова се пораките упатени и денеска од протестот.
transmet
Вработените од фирмите на бизнисменот Сеад  Кочан пред Апелација протестираа и во текот на вчерaшниот ден со јасни барања да престане притисокот врз слободните медиуми и водењето на селективна правда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.