Ректорите на државните универзитети заедно со Министерството за образование и наука поттикнуваат формирање нов синдикат за вработените во високото образование. Но, според Законот за работни односи, ректорите имаат статус на работодавачи и тие во ниту еден случај не смеат да влијаат на било какво сидникално здужување.
Ваквиот допис стигнал и до Независниот академски синдикат од каде велат дека е дикетен преседан врз виското образование. Формирањето на новиот синдикат е со цел да се потпише колективен договор само со еден член, а тоа е вработените да го добијат владиното покачување на платите од 10 отсто.
„Самиот овој допис и собирањето на ректорите од страна на министерот претставува прекршување на членот од 195 од Закон за работни односи. Ова претставува отворена закана која што се базира на измама. Заканата е дека нема да се покачат платите за 10 проценти и покрај тоа што се парите во буџетот на државата, а измамата е да се направи без да се потпише колективен договор со репрезентативен синдикат“, рече Мирјана Најчевска- независен академски синдикат.
Од друга страна пак ректорот на универзитетот „Cв.Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски демантира кршење на законите. Според него, работодавач може да формира синидикално организирање.
„Во истото писмо се презентирани членови од законите каде е предвидено и дозволено синдикално организирање на ниво на работодавач. Во моментов, на сите јавни универзитети се формираат синдикати на ниво на работодавач, а потоа тие ќе се здружат во повисока форма на организирање – синдикат на јавни универзитети во Република Северна Македонија“, рече Никола Јанкуловски, ректор на „Cв.Кирил и Методиј“.
Од минстрството за образование и наука појаснуваат дека поради реализација на одлуката за покачување на платите непходно е да се скучи колективен договор на ниво на работодавач. Оттаму, преку соопштение велат дека оставаат самите универзитети да одлучат на кој начин ќе се формираат нов синдикат, или ќе се приклучат на Независниот академски синдикат и тоа е нивна одлука.