„Независното“ СЈО со методи на УДБА дефинира демократија

Универзитетскиот професор Оливер Андонов, во колумна за „Курир“ пишува за работата на Специјалното јавно обвинителство. За заканите и методите кои ги користат истражителите со лицата повикани на разговор и нивното постапување надвор од законските овластувања, веќе се пишуваше и во медиумите. Скопското јавно обвинителство потврди дека примило кривична пријава од лице против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева и против неколку непознати за кривично дело малтретирање во вршење на службата, односно му се заканувале и се обидувале да му изнудат изјава.

Андонов посочува дека истражителите од СЈО  често ја користат истата финта кај сите, кажувајки им дека другите сведоци веќе тајно се согласиле за соработка, дале добра изјава, потпишале и тие ќе се извлечат, а другите ќе заглават.

„СЈО тргнуваат од замислена нивна фикција дека некој направил некаков криминал, а во исто време забораваат на уставната категорија на презумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес конференции кога ги објавуваше бомбите и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО притоа однапред знаејќи го крајниот исход. Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на било кој начин лица кои биле околу него, да го потврдат она кое тие го наумиле. Всушност, во недостаток на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној кој е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта туку го посочуваат лицето кое им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат.
Најчесто оставаат неколку дена до следното повикување на сослушување и уште посилната и подиректна закана. Сето ова, за луѓе кои во минатото немале работа со обвинители, полиција, судии и слично е крајно шокантно, и истите стануваат крајно вознемирени, преплашени, дезориентирани.
И покрај тоа, најголем дел успеваат да го издржат притисокот, а поретко поткленуваат, неможејќи да го издржат психолошкиот притисок или физички-здравствено паѓајќи принудно стануваат соработници преку невистинито сведочење, само од страв тие да не станат жртвата и обидувајќи се да си ги „скратат“ психолошките тортури во надеж дека ќе бидат оставени „нормално“ да живеат“, пишува тој.

Откако на таков начин ќе се обезбеди сведок, следува театрална прес конференција со партиски вокабулар, а жртвите се исклучиво од партијата на власт или нивни соработници во институциите.

Прес конференцијата или ефтината драмска изведба има за цел да се изврши влијание и врз судиите, и не случајно на овие прес конференции седат и повеќе амбасадори кои со своето присуство испраќаат сигнал до судиите дека стојат зад СЈО и неговите намери. Вокабуларот на прес конференциите продолжува со жестина како осомничените да се осудени до последна судска инстанца, притоа покажувајќи омраза кон истите преку фацијални експресии и говор на телото. СЈО ја заборави пресумцијата на невиност, а ја воведе тетралноста и говорот на омраза дури и преку фацијални експресии и говор на телото. Притоа се трудат да бидат максимално самоуверени за јавноста да им поверува. За сето тоа имаат поминато тренинзи се разбира од искусни меѓународни експерти,.

Следната постапка на СЈО е потпишување наредба за истрага и најчесто барање притвор и претрес. Во таква ситуација жртвата се повикува во суд на една формална 5 -10 минутна расправа пред судијата и обвинителот, за која најчесто оној против кого се отвора истрага, е принуден да седи во чекалната цел ден, а ако се повеќемина и плус цела ноќ на пример 15-16 часа, а доколку жртвата не е во Македонија или не и биде доставена уредна покана, тогаш ооваа ситуација се користи за обид за приведување и дополнително сензационалистичко подигање на тензиите. За време на тие првични 10 тина минути обвинителот најчесто многу дрско и арогантно тврди дека е неопходен притвор за лицето да не избега, да не влијае на сведоците или да не го повтори делото. Најчесто наведуваат лажни и непостоечки причини за да го издејствуваат тоа. На пример, дека имаат сознанија дека лицето има бугарски пасош па може да избега, или дека имаат сознанија дека веќе се обидел да влијае на сведоците, за што вообичаено лажат, како и други слични работи. За жал од доставените материјали судијата нема можност да ја провери вистинитоста на оваа тврдење на СЈО, пред се затоа што веднаш или во рок од еден час треба да донесе одлука. При тоа, не ретко низ судот се шетаат преставници на една или две странски амбасади укажувајки дека се дојдени да видат дали се е во ред и дали некој врши влијание на судијата, а всушност со нивното присуство, имајќи ја предвид силата и меѓународната позиција на земјата која ја преставуваат, самиот тој сака да извршат влијание. За ова зборуваше и претседателот Иванов во своето обраќање до нацијата. Неретко, откако ќе заврши краткиот распит, СЈО влегува сам во собата на судијата и долго го убедува со сите можни средства дека е многу важно да даде притвор. Дека сето ова го следи меѓународната заедница и дека ќе бидат разочарани од судијата доколку не даде притвор. Дека ќе го сметаат за соработник на „режимот”,  објаснува Андонов

Според негови информации некои од судиите се повикувани во една или неколку амбасади на укор и превоспитување, кое дипломатски се нарекува охрабрување, да бидат повеќе сервили кон СЈО. Дел од нив пресреќни што воопшто влегле во амбасадата се менуваат како личности и стануваат сервилни, но голем дел го задржуваат достоинството, затоа што повеќе си ја сакаат својата земја и нејзиното добро, ..отколу добродојденоста или милосрдието на некој дипломат кој денес е тука, а по година две ќе замине и никогаш повеќе нема да се врати.

Претресите на СЈО им се клише. Еве зошто. Иако во најголем број случаи немаат никаква логика (на пример некој е осомничен за изборна нерегуларност пред три години, што ли би криел дома), сепак се бараат претреси на неговиот стан и други негови и на негови блиски простории со следните цели:
-да се влее страв кај него, кај сите сведоци и осомничени кој би водел кон непринципиелна изнудена соработка за лажно кодошење и местење на главната жртва;
-да се најде случајно нешто незаконско или лично компромитирачко кон жртвата, па да се користи за негова уцена. Од типот пиштол без дозвола, или некој финансиски документ, или некои белешки во тевтери или пак некои приватни работи кои потоа можат да се злоупотребат за уцена во правец претресуваните да им станат соработници против главната цел. Се разбира со лажен исказ, онаков каков СЈО посакува. Во духот на онаа легендарна реплика од срекјна нова 49та: „извини Пиги, морално беше“.
-доколку пак неприфати да стане соработник да го обвинуваат и него, за пример за другите.
-и на крајот со самиот претрес да се дополни јавната осуда кај соседите и целата јавност дека жртвата е виновна и веќе осудена.

Работата на СЈО професорот ја поистоветува со методите на УДБА од 1949 година, а е мотивирана од три фактори: политичката омрза кон ВМРО-ДПМНЕ и силната наклонетост кон СДСМ, чадорот и неговото охрабрување и ветување дека тие се базата на идното ново јавно обвинителство во Македонија и месечните примања на секој обвинител во СЈО.

Поради тоа, заклучува тој, во следниот период овие луѓе ќе направат се што е во нивна моќ, да обвинат што повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници и  поддржувачи. Тоа е СЈО во Македонија.