Незири: Не смеме да дозволиме, поради нечии тесни партиски интереси, да се загрози здравјето на граѓаните

Новинарот и аналитичар Џелал Незири смета дека не смее да се дозволи, поради нечии тесни партиски интереси,  да се загрози здравјето на граѓаните со тоа што се инсистира Македонија да оди на брзи избори, алудирајќи на инсистирањата на владејачката СДСМ на што поскоро одржување на одложените поради епидемијата од короанвирусот предвремен избори

Незири во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија истакна дека сѐ уште е рано да се каже дека земјата го победила вирусот, туку, како што тој спортски се изрази, се наоѓаме во продолжение на играта и поради тоа не треба да се опуштаме.

 Имајќи во предвид дена имаме техничка Влада и распуштен Парламент, има аргументи за одење на избори колку што е можно побрзо, но не по секоја цена. Ги слушаме здравствените експерти, кој ставаат на знаење дека сме во едно дополнително време, односно продолжение на играта, и додека сме во фаза на развој на пандемијата, не смееме да дозволиме да за нечии тески партиски интереси да се загрози, целата операција и целото јавно здравје на граѓаните. Затоа мислам дека ќе беше многу добро, политичките партии, на место на конкретните изборни математики, на прво место навистина да го стават јавното здравје на граѓаните. И после, откако ќе помине вирусот слободно нека се вратат на политичката трка, рече Незири.

Даде дека со инсистирањето на политичките партии за одредување на датум за брзи избори, во јавноста се креира впечаток дека нив не ги интересира ниту здравствената ниту економската криза.