Незири: Не верувам дека Владата ќе се бори против корупцијата, зашто при постоење Антикорупциска назначува вицепремиер за борба против корупција

Аналитичарот Џелал Незири смета дека новата Влада, која е предводена од Зоран Заев, нема да се посвети во борбата против корупцијата, како што воедно ветуваа, поради тоа што, смета тој, имаме вицепремиер кој е назначен за борбата против корупцијата.

Во синоќешната емисија „ЕУ Клик’ на телевизија Тв21 истакна дека не верува во заложбите на Владата за безкомпромисна борба против корупцијата, кога ние имаме државна, независна Комисија за спречување на корупцијата која има пристап до 60 проценти од базата на податоци, и со кои таа слободно може да изврши некој вид на ветинг на сите функционери.

„Не ме прави оптимист, фактот што имаме заменик премиер кој е назначен за борбата против корупција. Не ме прави оптимист затоа што ние ние имаме државна Комисија за спречување на корупцијата, на која со новиот закон кој се усвои лани, им се даде овластување со кои имаат пристап до 60% од базата на податоци со кои може да се направи ветингот на сите функционери, со кој може да се направи некој вид на спречување на корупцијата“, рече Незири.

Вели дека со почеток на преговорите со Европската унија, Македонија може да има вистинска борба против корупцијата, затоа што првиот кластер кој се отвара е токму кластерот за „владеењето на законот и борбата против корупцијата“.

„Тој кластер ги содржи сите поглавја кои подразбираат безкомпромисна борба и против корупцијата. И овој кластер се отвара на почеток на преговорите и ќе се затвори на крај од преговорите“, појасни Незири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.