Незири: Состојбата со Ковид-19 е застрашувачка, Владата потфрли со менаџирањето, затоа нормално е барањето на опозиција за одговорност

Македонската Влада целоснот потфрли со менаџирањето на кризата од корона вирусот, состојбата и бројот на смртни случаи е застрашувачка, смета анлитичатор Џелал Незири.

Тој во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан истакна дека по број на смртни случа Македонија се најде меѓу земјите со највисока смртност во светот, односно на неславното седмо место на светско ниво.

-Јас сметам дека до сега Владата потфрли во менаџирањето на кризата со Ковид-19. Индикатор за тоа е големиот број на смртни случаи од овој вирус, што ја смести македонија во земјите со највисока смртност, односно некаде на седмо место во светот во однос на смртноста. Македонија е на седмо место штои се однесува по смртноста од корона вирусот на светко ниво, истакна Незири кој додава дека мора да се истражи кој е проблемот за ваквата восока смртност од Ковид-19.

-И сега кај е проблемот на ова висока стапка на смртност, дали е проблемот во протоколите, дали тие не се прилагодени или не се имплементирани навреме во третирањето на пациентите. Или пак проблемот е во слабиот капацитет на здравствениот систем, или проблемемот е во слабото менаџирање на овие капацитети, вели тој.

Незири вели дека тоа може да биде објект на анлизи понатаму, откако ќе заврши пандемијата, но, тоа што сега се случува во државата е застрашувачки резултат и поради тоа прородно е барањето на опозицијата која бара одговорност од владините претставници, конкретно од министерот за здравство, Венко Филипче.

-Тоа што сега се случува во државата е застрашувачки резултат, бројките се застрашувачки што се однесува на смртноста и природно е тоа што го бара опозицијата, раководителите на државните институции, во рамките на македонската Владата, конкретно министерот за здравство да сноси одговорност за оваа ситуација, истакна аналитичарот Незири.