Ни дрога ни оружје, само еден пиштол запленет во „Сити Мол“

Само еден пиштол пронашла полицијата вчера на паркингот во ТЦ „Сити Мол“, иако, според изјавите на очевидци станувало збор за голема полициска акција во која биле запленети дрога и оружје. Поради сериозноста на акцијата бил евакуиран и дел од трговскиот.

Сепак, според полицијата, немало збор за голема акција.

На 20.09.2018 година околу 16 часот од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Марцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“,во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22). Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка „ТТ“ кал.7,62 милиметри. Лицата се лишени од слобода и приведени во ПС од ОН Карпош. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Според неофицијалните информации, во акцијата бил уапсен познатиот криминалец Шеваљ Муареми од Грчец или негов возач и брат на член од обезбедувањето на Зоран Заев, но засега нема потврда за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.