Ни претстои сончев викенд, со температура до 21 степени

Сончево со умерена облачност,вакво време најавуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска.

Според временската прогноза, во раните претпладневни часови во западните делови од Македонија ќе има услови за слаб локален дожд. Преку денот ќе преовладува сончево со умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје ќе преовладува слично време со максимална температура до 17 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со 21 степен.