Ница го совлада Брест, реми на Монпелје и Стразбур

Фудбалерите на Ница минимано со 2:1 во саботата вечерта вп рамките на деветтото коло од францискиот шампионат го совладаа тимот на Брест, додека со 1:1 бодовите ги поделија Монпелје и Страбур.

Ница пред своите гледачи имаше сигурно водство постигнато преку Жан-Клер Тодибо во 45 и Мелви Бард во 61 минута, а Брест успеа само да го ублажи поразот во втората минута од судиското продолжение преки Франк Онора.

Со оваа победа Ница со 16 бодови се искачи моментално на трето место на табелата, два бода помалку од вторпасираниот Ланс но со меч помалку, додека водечкиот ПСЖ е максимален и од осум натпревари има 24 бодови. Брест е претпоследен 19-ти без победа и со само четири бодови.

Во претходно одиграниот дуел Монпелје поведе во 12 минута преку Флорен Мојем, но Стразбур израмни со погодокот на Кевин Гамеиро во 28 минута.

Стразбур со 11 бодови моментално е на деветтото место, а Монпелје со 10 бодови неделата ја пречекува како 12-ти.

Во недела се играат натпреварите: Рен – ПСЖ, Лориен – Клермон, Нант – Троа, Анже – Мец, Монако – Бордо, Лил – Марсеј и Сен-Етјен – Лион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.