Ница и Бордо мирољубиво

Во првиот дуел од 13-то коло на француското фудбалско првенство во петокот вечерта, Ница и Бордо одиграа без победник 1:1.

Ница во водство ја донесе Пјер Лес-Мелу во 27 минута, а израмни Џими Брианд во 49 минута од пенал. Ница моментално е 10-та со 17 бодови, а Бордо е на третата позиција со 19 бодови, бод помалки од второпласираниот Анжер и осум зад водечкиот ПСЖ. Ист број бодови како и Бордо имаат и Нант и Марсеј, а следува група од пет екипи со 18 и 17 бодови, кои може да го минат.

Во сабота се играат натпреварите Брест – ПСЖ, Лил – Мец, Монако – Дижон, Ремс – Анжер и Стразбур – Нимс. Во недела, пак, се играат дуелите Рен – Амјен, Монпелје – Тулуз, Нант – Сент Етјен и Марсеј – Лион.