Ница ја прекина низата без победи

Фудбалерите на Ница во саботата вечерта го совладаа Бордо со минимални 1:0, во натпреварот од 20-то коло на француското првенство, со што ја прекинаа низата од четири мечеви без победа во домашното лигашко натпреварување.

Екипата на прославениот поранешен репрезентативец Патрик Виеира до победата дојде со погодок од пенал, кој во 16 минута го реализираше Алан Сен-Максимен. Ница сега е шеста со 29 бодови од 19 натпревари, а Бордо е 13-ти со 22 бода од 18 првенствени средби.

Со минималните 1:0 славеше и Сен Етјен на гостувањето кај Гинган. Казри уште во шестата минута ја затресе мрежата на последнопласираната екипа на лигата која има само 11 бодови. Сен Етјен, пак, се искачи на четвртото место на табелата со 33 бодови, три повеќе од Монпелје, кој има меч помалку.

Фудбалерите на Парис Сен Жермен со 3:0 го победија на гости Амјен, кој сега остана на 17-то место со 18 бодови. Домашните имаа активен резултат до 57 минута, кога ПСЖ во водство дојде со голот на Единсон Кавани од пенал. Во 66 минута втор жолт картон и исклучување заработи бекот на домашните Аденон, а по само четири минути Килиан Мбпапе погоди за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Маринос во 79 минута.

Претходно во петокот Олимпик Лион и Ремс одиграа без победник 1:1, додека Лил со 3:1 беше подобар на гостувањето кај Каен.

Во недела се играат дуелите Нант – Рен, Дижон – Монпелје, Тулуз – Стразбур, Олимпик Марсеј – Монако, додека мечот Нимс – Анжер е одложен за 23-ти јануари.

ПСЖ во 18 натпревари собра 50 бодови, додека второпласираниот Лили а 37 бодови од 20 мечеви. Третиот Лион, како и четвртиот Сен Етјен имаат по 33 бода. Во најлоша ситуација се Диќин со 16, Монако со 13 и Гинган со 11 бодови.