„Кики“ и „Фрики“ не постојат за Заев

Ние во нашиот систем немаме казни бесење и стрелање, најтешката казна е затворот. Тој што се огрешил, ќе си ја отслужи казната. Затоа треба да си го средиме системот“. Ова го истакна денес премиерот Зоран Заев.

Наместо сериозно да ги разгледа последните скандалозни случувања со барање рекет и тврдењата објавени од новинарот Бранко Героски, Заев одлучи да истакне дека „Кики“ и „Фрики“ не постојат. Дополнително, реши да им одржи лекција за работа на новинарите, односно да им каже како работат.

-Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст.Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, порача Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.