Ниедна компанија на се јави на тендерот за катни гаражи новиот Клинички центар

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар – Скопје, објави Мета.

Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, кој што беше распишан на почетокот од август годинава.

Ова значи дека за неколку месеци ќе се одложи изградбата на монтажните гаражи што требаше да обезбедат дополнителни места за паркирање на оваа локација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.