Ниедна земја нема да излезе од пандемијата со довакцинирањето, порача СЗО

Директорот Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди во средата дека не треба да се имаат илузии дека довакцинирањето односно дополнителните дози од вакцините, се доволни за светот да излезе до пандемијата на Covid-19.

„Ниедна земја нема да може да излеза од пандемијата со помош на довакцинирањето тоа не е ‘зелелно светло’ за прославите какви што се планираат“, изјави челникот на СЗО, на прес-конференцијата во Женева неколку дена пред божикните празници во западниот свет.

„Програмите за неселективно довакцинирање ги имаа сите изгледи да ја продолжат пандемијата а не да ја запрат, бидејжи расположивитедози се насочуваат во земјите со и онака висока стапка на вакцинираност, давајќи му така можност на вирусот да се шири и да мутира“, истакна Тедрос.

„Важно е да се потсетиме дека многу големо мнозинство од хоспитализираните и починатите го прават невакцинираните, а не оние кои не ја примиле третата доза. И мораме да бидеме јасни, дека вакцините и натаму се ефикасни и против делта и против омикрон варијантата на коронавируисот“, додаде првиот човек на СЗО.

Стручната комисија на СЗО за вакцинициите (SAGE) наведува дека најмалку 126 земји веќе ги објавиле упаствата за приомање на дополнителнит (бустер) дози од вакцините против Covid-19 и за дополнителното вакцинирање, на пример на децата, а 120 земји веќе започнале кампања со таква намера.

Станува збор главно за богатите и земјите со средни приходи а „ниедна сиромашна земја сѐ уште не започнала со програмата на довакцинирање“, се истакнува во соопштението на SAGE објавено во средата доцна попладнето.

Од СЗО, исто така, објавија дека засега нема доволно податоцви за новата омикрон варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, за да може да се каже дали е таа позаразна од претходната делта варијанта.

„Оваа варијанта недоволно долго цикрулира со населението ширум светот“, изјави техничката директорка на СЗО за Covid-19, Марија ван Керкхов.

Истакна дека податоците за новата варијанта, која првпат беше идентификувана во Боцвана и Јужноафриканската Република во ноември, сѐ уште се „збркани“, одека земјите ги пријавуваат нејзоната прва појава и ширењето.