Ниедна жена не е избрана на првите избори во Катар

Катарците во саботата гласаа на првите парламентарни избори во оваа земја а во тамошниот парламент не е избрана ниедна жена, и нема да биде променета политичката рамнотежа во оваа богата земја во Персискиот залив со којашто владее кралското семејство и во која политчките парти и натаму се забранети.

Гласачите бираа 30 од 45-те членови на Шурата, советодавно телот кое нема голема моќ. Сѐ досега членовите на овој совет ги именуваше емирот Тамин бе Хамад ал-Тани. Сите 30 места ги освоиле мажи, објави министерството за внатрешнми работи. Ниедна од 28-те жени на коишто им беше дозволено да се кандидираат на овие избори не е избрана.

Катарскиот емир, кој треба да ги именува другите 15 членови на Шурата, би можел да ја намали оваа рамнотеже именувајќи жени. Меѓутоа, тоа е малку веројатно. Исто така, засега нее познато кога ќе ги објави овие именувања и кога ќе биде инаугуративната седница на советот.

Според официјалните податоци, на изборите излегле 63,5 отсто од гласачите, што е многу повеќе отколку на локалните избори во 2019 година кога класаат помаку од еден од десет избирачи.

„На почетокот на денот слушнав многумина како велат дека нема да излезат на избори, проценувајќи дека тоа нема да донесени никаква промена, но видвоме дека имаше многу гласачи“, изјави членот на комисијата за организација на изборите во Доха, султанот Абдалах ал-Кувари.

Државната новинска агенција објави дека на изборите имало 233 кандидати, како и дека сите морале да имаат дозвола од министерот за внатрешни работи. Но државната телевизија објави дека 101 кандидат се повлекол на самиот ден на изборите, за да даде поддршка на другите кандидати.

Првите парламентарни избори, предвидени со катарскиот устав од 2004 година и досега неколкупати одложувани, се одржаа во момнетите додека земјата се наоѓа под зголемен притисок од меѓународнатата заедница.

Една година пред одржувањето на Светското фудбалско пренство, властите проценија дека органзирањето на изборите „ќе привлече позитивно внимание“ врз земјата, смета аналитичарот за регионот на Персискиот залив, Лучво ано Закара од Катарскиот универзитет.

Советот (Шурата) ќе може да предлага закони, да го одобрува буџетот или да отповикува министри, но тоа се овластувања кои ги имаше и претходно. Сепак, емирот има право на вето.

Во текот на предизборната кампања кандидатите на малубројните политички собори ги избегнуваа прашањата за надворешната политика и особено за статусот на монархијата. Повеќе се насочуваа на здравството, образованието и граѓанските права.

Повеќето од 2,5 милиони жители на Катар, најголемиот светски произведувач на течен природен гас (LNG), се странци и затоа немаат право на глас. Меѓу 330-те илјади Катарци, само потомците на оние кои биле државјани на земјата во 1930 година имаат право на глас и да се кандидираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.