Нигерија го совлада Исланд и остана во игра за осминафиналето

539

Во средбата од второто голо на Групата Д од Светското фудбалско првенство, во Волгоград во петокот Нигерија со 2:0 (0:0) го совлада фаворизираниот Исланд, и по овој исход во групата во којашто се уште и Аргентина и Хрватска вториот патник во осминафиналето ќе биде познат по завршувањето на третото коло.

Двата гола за Нигерија ги постигна Ахмед Муса во 49 и 75 минута, во периодот кога неговата селекција се отвори, а Исланд не беше доволно убедлив за да дојде до шанса да извади поволен резултат.

Дуелот започна со две шанси на Исланд преку Гигурдсон, а двата негови удара ги одбрани нигерискиот голман Узоху. По шансите на Исланѓаните започна беспоштедна борба главно на средината на теренот, откако Нигеријците кои во првото голо беа совладани од Хрватска, но немаше шанси сѐ до 45 минута кога на нафрлување на Сигурдсон од десната страна Финбогасон шутираше крај стативата.

Иако во првото полувреме беа речиси безопасни по противничкиот гол, нигериските играчи втората делница ја започнаа силно и веќе во 49 минута поведоа од првата шанса. Африканската селекција изведе брз противнапад кој го заврши Мосес со нафрлување од десната страна, а Ахмед Муса прекрасно ја скритиу топката и со волеј заби од близина. Голот ги прероди Нигеријците и веќе во 57 минута Халдарсон спаси по шутот на Н’диди, а во 74 минута Муса ја погоди стативата. Сепак, играчот на московска ЦСКА по само половина минута го постигна и вториот гол по соло пробив. Во 83 минута по прегледување на ВАР технологијата беше досуден пенал откако Ебуеги го собори Финебогасон, а од белата точка голот го префрли Сигурдсон, како што тоа го стори Меси минатото коло токму против Исланд.

Со оваа победа Нигерија се искачи на второто место од табелата со три бода, три помалку од Хрватска која со победата од 3:0 над Аргентина во четвртокот веќе се пласираше во осминафиналето. Исланд е трет со еден бод колку што има и Аргентина. Во последното коло од групната фаза Исланд ќе настојува да ги освои трите бода против Хрватска, а такви се желбите и на Аргентина и Нигерија во меѓусебниот дуел, иако Африканците може да минат и со бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.