Нигерија: Масакр на стотина селани

Продолжува крвопролевањето во Нигерија поради немирите во државата.

Десетина вооружени мажи на моторцикли убиле над 100 жители на неколку села во североистокот на Нигерија.

Очевидци раскажале дека убиствата почнале во вторникот вечерта, а завршиле денеска. Објасниле дека луѓето бегале од своите домови.

Кабир Исламил од селото Маигор рекол дека изброил повеќе од 100 жртви кои се закопани во три села. Локалните власти соопштиле дека меѓу жртвите има и двајца полицајци.

Во последниве неколку месеци ова подрачје е мета на напади.